bandr
Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ ВО СТРУМИЦА!

На 05.02.2019 година во 13.00 часот на крстосница од улиците „Балканска“ и „Дрварска“ во Струмица, патничко возило „Фолксваген Туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од Струмица, удрило во велосипед управуван од Г.Г.(44) од Струмица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Г.Г., кој бил пренесен во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.