strumica denes logo

Скопјани пробиле картички на двајца струмичани – потрошиле 90.000 денари, сега ќе одговараат!

Автор:

Датум:

мај 11, 2021

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

мај 11, 2021

Категории:

Хроника

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.С.(27) и С.П.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Како што соопштија денеска од МВР, во текот на вчерашниот ден, пријавените прибавиле платежни картички и лични карти на Н.Н. и В.Н. од Струмица, по што извршиле нелегални трансакции со платежна картичка во сопственост на Н.Н. на повеќе продажни места во Струмица.

На овој начин, се стекнале со противправна имотна корист во висина од 90.000 денари.