ШТО СЕ КРИЕ? ГОЛЕМО ЗАГАДУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА ИАКО Е МАЈ, НАДМИНАТА Е МАКСИМАЛНАТА ГРАНИЦА ВО СРЕД БЕЛ ДЕН!

мај 12, 2018

Денес, 12.05.2018 година (сабота) градот Струмица во 13:30 часот повторно има големо загадување на воздухот со канцерогени честички ПМ 10.

Иако е средината на месец мај, дури и во сред бел ден загадувањето од 70 мг / м3 убедливо ја надминува максимално дозволената граница од 50 мг / м3.

На тој начин крајната граница за максимално загадување е пробиена за цели 40 проценти.

Граѓаните на Струмица и околните места се прашуваат што се случува и што се крие од нив, затоа што не е нормално да има вакво загадување на прагот на летото.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ