Perdormire
Хроника

ПРЕТРЕСИ ВО СТРУМИЦА – ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО ДОМОТ НА Г.М.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Г.М.(55) од село Старо Коњарево, Струмица за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’.

На 04.12.2017 година во село Старо Коњарево, Струмица, од страна на полициски службеници, при претрес во дом на пријавениот биле пронајдени и одземени 95 куршуми калибар 22LR, 93 куршуми калибар 22Short и 39 куршуми калибар 9 мм.