ПРЕД ВЛЕЗОТ ВО КОСТУРИНО, ПРОНАЈДЕНИ 28 МИГРАНТИ – ВОЗАЧОТ ГО НАПУШТИЛ ВОЗИЛОТО И ИЗБЕГАЛ!

февруари 4, 2020

На 03.02.2020 во 20.45 часот на патниот правец Валандово-Струмица, пред влез во с.Костурино, при проверка на патничко возило „рено трафик“, со битолски регистарски ознаки, полициски службеници од Полициска станица Стар Дојран пронашле 28 лица мигранти, а возачот на возилото го напуштил местото на настанот. Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: