Денеска (08.10.2021) во с.Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Oдделот за криминалистичка полиција при МВР го лишиле од слобода И.Р.(49) од с.Банско.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.