Околу два часа по полноќ, повторно сообраќајна несреќа на раскрсницата кај ОУ „Никола Вапцаров“. Како што не информираа очевидците, за среќа нема потешко повредени и направена е поголема материјална штета. Дефинитивно ова е раскрсницата на која досега се имаат случено најмногу сообраќајни несреќи. Луѓето кои живеат на оваа улица постојано инсистираат да бидат поставени семафори.


























