Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против М.Р.(30), В.Р.(54) двајцата од Струмица и В.Т.(31) од село Куклиш, поради постоење основано сомневање дека второпријавениот сторил кривично дело „фалсификување исправа“ по чл. 378 и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ по чл.380 од КЗ, а прво и третопријавениот сториле кривично дело „соизвршителство“ по чл.22 вв чл.378 и чл.380 од КЗ на РМ.
Имено, првопријавениот вработен како полициски службеник во СВР Струмица, на 05.08.2018 година управувајќи мотоцикл марка „YAMAHA FZ1“ со бугарски национални ознаки, учествувал во сообраќајна незгода во која незгода со телесни повреди се здобило малолетно лице од Струмица, а по настанатата сообраќајна незгода пријавениот го напуштил местото на настанот. Истовремено со истото дејствие сторил и царински прекршок на тој начин што управувал моторно возило – мотоцикл со бугарски национални ознаки сопственост на третопријавениот.
Второпријавениот (татко на првопријавениот) вработен како цариник во Царинска испостава Ново Село, искористувајки ја својата службена положба и овластување, со цел да избегне одземање на моторното возило мотоцикл марка „YAMAHA FZ1“ во сопственост на третопријавениот, иако знаел дека треторпијавениот – сопственик на мотоциклот не е во Р.Македонија, отпочнал постапка за царинење на мотоциклот во име и за сметка на третопријавениот за што приложил фалсификувани документи. Исто така против првопријавениот СВР-Струмица до ОЈО поднесе кривична пријава и за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ а до Царинска управа на РМ – Царинарница Гевгелија доставено е Известување за сторен царински прекршок, со предлог мерка одземеното возило да биде ставено под царински надзор за време на спроведување на постапката.
На 23.09.2018 година во 23,15 часот С.Г.(18) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20,30 часот на улицата “Новопроектирана” додека бил со негов пријател бил физички нападнат од страна на лицето З, кое го препознал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.