strumica denes logo

ОСУМНАЕСЕТ ГОДИШНО МОМЧЕ ОД БАНИЦА ПРЕГАЗИ ПЕШАК-ИТНО Е ПРЕНЕСЕН ВО СКОПСКАТА КЛИНИКА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ВО СКОПЈЕ!

Автор:

Датум:

јуни 3, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

јуни 3, 2018

Категории:

Хроника

На 02.06.2018 година во 15,45 часот, на регионалниот пат Струмица-с.Баница товарно моторно возило „Застава 640“ со струмички регистерски таблици, управувано од М.Б.(18) од с.Баница-струмичко удрило во пешакот Ј.А (43) од с.Баница, а потоа и во патничко моторно возило „Форд Транзит“ со струмички регистерски таблици, управувано од М.Т.(30) од с.Водоча. По незгодата возачот го напуштил местото на настанот, но од страна на полициски службеници во 17,00 часот бил пронајден. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.А. која поради сериозноста на повредите од Медицинскиот центар во Струмица била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица. Се работи на целосно расчистување на случајот.