Огромен број возачи во струмичко возат без возачки дозволи!

февруари 21, 2019

Голем број возачи во сообраќајот се вклучуваат без возачка дозвола. Статистиката на СВР Струмица за минатата година покажува зголемување на таквите сообраќајни прекршоци на југоистокот од државата. Дел од возачите кои биле откриени од страна на полицијата возилата ги управувале без да поседуваат возачка дозвола, а еден дел воопшто и немале положен возачки испит. Бројките за минатата 2018 во однос претходната година покажуваат зголемување за околу 230 такви прекршоци-пишува СИТЕЛ.

,,Во текот на 2018 година, на подрачјето на СВР-Струмица евидентирани се вкупно 2.179 прекршока за сообраќаен прекршок –управување возило без возачка дозвола или без положен возачки испит, додека во 2017 година, евидентирани се 1.947 прекршока.,, вели ХРИЗАНТЕМА РЕНДЕВСКА – ПОРТПАРОЛ НА СВР СТРУМИЦА.

ЦЕЛОСНАТА ВЕСТ МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА SITEL.COM.MK или на следниот ЛИНК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ