
Огнот кој околу 20 дена гореше на Беласица, поточно над селото Габрово конечно е изгаснат. Како што не информираа од Противпожарната единица на Струмица, теренот навистина бил многу лош. Со возилата секој ден патувале до онаму каде што можеле а потоа по 5-6 километри патувале без возила со по 25-30 литри вода на грб.