(ОБНОВЕНО) Две лица повредени во сообраќајка на патот Струмица- Ново Село

септември 15, 2018

Вчера во 19,10 часот е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-село Ново Село кај делницата с.Босилово-с.Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор “ИМТ 533“ со струмички регистерски таблици, управуван од И.Н.(33) од село Робово и патничко моторно возило “Фиат Уно“ со струмички регистерски таблици, управувано од Ѓ.Т.(55) од Струмица.

Возачот Ѓ.Т. и сопатничката од истото возило Н.П.(34) се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот се здобил со телесни повреди и укажана им е лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ