„Ни требаат итно парите за операција во Струмица“ – Пензионер наседнал на измама и останал без 8.000 евра!

октомври 30, 2018

Пензионер од Гевгелија наседнал на измама на двајца измамници и останал без 8.000 евра, вчера во Гевгелија.

Како што информираат од МВР, Н.В.(72) вчера пријавил во полиција дека дента околу 12.30 часот во Гевгелија му пришле двајца непознати кои зборувале на српски јазик и му побарале пари.

Измамниците му кажале дека наводно имале проблем со реализација на чек во банка, а парите им требало итно како гаранција за да можело едниот од нив да оди на операција во Струмица.

Според пријавата, тие требале само да ги покажат парите на лекарот, а потоа ќе му ги врателе. Пензионерот им поверувал, но кога видел дека измамниците не се вратиле, за случајот ја известил полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на измамниците и за целосно расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ