strumica denes logo

НЕТПРЕС: ПРОВОКАТОРИ ОД СТРУМИЦА ИСПРАТЕНИ ДА ГО СЛЕДАТ МИТКО ЧАВКОВ-ИМАЛО И ИНЦИДЕНТ!

Автор:

Датум:

мај 12, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

мај 12, 2018

Категории:

Хроника

Како што објави порталот НЕТПРЕС, провокатори од Струмица вчера попладне предизвикале инцидент во угостителски објект во близина на Колешински водопад во Струмица, каде претходно бил присутен поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.

Еден од провокаторите најпрвин се обидел со мобилен телефон да го фотографира Чавков. Поранешниот министер за внатрешни работи го прашал зошто го фотографира, и за да не дојде до инцидент, заедно со луѓето со кои бил, си заминале од ресторанот. По ова, провокаторот почнал да демолира и да крши во угостителскиот објект. Реагирал сопственикот и повикал полиција, која го привела. Но, тој во полициската станица тврдел дека наводно бил физички нападнат од неколку лица, кои биле во друштво на Митко Чавков, објавува порталот НЕТПРЕС.

Но, според присутните, воопшто немало никаков физички контакт меѓу лицата кои биле со Чавков и  провокаторот, за што тврдат дека може да сведочат другите присутни во локалот, како и сопственикот.

ИЗВОР: НЕТПРЕС