НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПОЧИНА ЗОРАН МАЏИРОВ, ВЕЧНА СЛАВА МАЕСТРО!

мај 9, 2018

На денешен ден (9 мај 2017) почина во Скопје на 49-годишна возраст Зоран Маџиров, македонскиот и светски афирмиран музичар перкусионист.

 Маџиров на 7 октомври 2016 година беше тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи на патот Штип – Радовиш, откако со својот автомобил се судрил со камион-влекач. По несреќата беше згрижен на КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје и се наоѓаше во коматозна состојба.

Пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започнал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute.

Го револуционаризирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото Les Barons Karamazoff настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти.

На 25 август 2000 година со својот квартет настапил на кумановскиот Летен џез фестивал. За Музичката и касетна продукција при Македонска Радио Телевизија кон крајот на 2000 година го објавил неговиот прв домашен компакт диск Home.

Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: