strumica denes logo

МВР: Тешко повредени двајца струмичани кои се лизнале од мост и паднале во провалија!

Автор:

Датум:

мај 2, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

мај 2, 2018

Категории:

Хроника

На 30 април 2018 година околу 17 часот било пријавено дека во Струмица, на рекреативната патека кон црквата „Свети Илија“, лицата Б.К.(57) и М.С.(63), двајцата од Струмица по минувањето на мостот кај место викано „Црвен Дол“, во еден момент се лизнале и паднале во провалијата под мостот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица лицата биле извлечени од провалијата и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Б.К. поради сериозноста на повредите потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.