Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против А.М.(21) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материии“. На 01.01.2019 во 18.30 часот во Кавадарци на ул.„7-ми Април“, полициски службеници при преглед на пријавениот пронашле и одзеле пиштол марка „бровинг“ и рамка со 13 куршуми.