strumica denes logo

МАЈКАТА НА МАЛИОТ ЃОРГИ ОД СТРУМИЦА ЗА КОЈ СОБИРАВМЕ ДОНАЦИИ: НЕМАМЕ НИКАКВИ УСЛОВИ ВО КАРАНТИНОТ, СО МЕНЕ ИМАМ ДЕТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И БЕБЕ – ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ!

Автор:

Датум:

март 28, 2020

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

март 28, 2020

Категории:

Хроника

Зорица Трајков, мајка на малиот Ѓорги кој боледува од целебрална парализа:

Почитуван министре Венко Филипче,

после едномесечна терапија на дете болно од церебрална парализа во Истанбул, синоќа се вративме со автобус во Макеоднија, задолжително со двете деца и мајка ми без право на збор како криминалци бевме сместени во Хотел „Вип“ во Скопје во една соба без никакви услови за дете со посебни потреби и бебе, занемарувајќи го фактот дека имаат и други потреби како прво и основно соодветна храна (млеко, вода итн.) Не бегам од одговороноста, нека не тестираат и нека не пратат во домашен карантин, или евентуално за вакви случаеви створете барем подобри услови, оти овде 15 дена децата нема да издржат.