ЛИЧНОСТА КОЈА ВО СТРУМИЦА ЛЕПЕШЕ ПЛАКАТИ СО НАВРЕДА ЗА ДЕВОЈКА ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА!

април 25, 2018

Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против  39-годишниот Д.П. oд Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во Валандово, Струмица, Гевгелија и Богданци, пријавениот поставил плакати со навредлива содржина, на кои биле наведени личните податоци на М.У. и нејзината сестра С.Ф.

Исто така пријавениот на социјалната мрежа “Фејсбук”, креирал повеќе лажни профили и електронски адреси на име на М.У.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ