КРУМ ВЕЛКОВ: ГРОБАРИТЕ ПАК ИЗБЕГАА!

мај 17, 2018

Концесионерите на рудникот Иловица Еуромакс Рисорсис денеска по втор пат во рок од 10 дена избегаа од директно соочување со струмичките еко-активисти. И добро направија. Беа свикале средба со НВО-и за да ја презентирале новата, ѓоа безопасна безцијанидна технологија, но откако дознаа дека им е подготвен “свечен пречек”, ја откажаа средбата. Ние всушност немаме што да разговараме со нив, но секогаш и секаде ќе се соочиме за соодветно да ги потсетиме дека тие се потенцијални гробари на Струмичката Котлина и дека така ќе бидат третирани. Крајот на мај наближува, а со тоа и моментот на вистината за Владата: Ќе си го исполни ветувањето или не?

ФЕЈСБУК СТАТУС НА КРУМ ВЕЛКОВ 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ