Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против И.К.(27), Ф.Х.(42), Џ.И.(29) и Ф.Ш.(36), сите од Радовиш за сторено кривично дело „Кражба“. На 13.06.2018 година околу 17,00 часот на патот од планина „Плачковица“ кон Радовиш, од страна на полициски службеници, при преглед на патнички возила, управувани од прво и четвртопријавениот, а второ и третопријавениот како совозачи, биле пронајдени и одземени дабови дрва, за кои лицата не поседувале соодветна документација.