strumica denes logo

Измамена струмичанка: Се претставил лажно и со измама и земал 27 илјади евра

Автор:

Датум:

март 1, 2019

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

март 1, 2019

Категории:

Хроника

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На 28.02.2019 во 09.40 часот во СВР Струмица, Б.Д.(61) од село Баница пријавила кривични дела „измама“ и „лажно претставување“ против лицето К.Л.(31) од Скопје, а престојувал во Струмица. Според пријавеното, во 2015, К.Л. се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе и обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви во непосредна близина на село Баница, општина Струмица. За таа намена, во повеќе наврати во 2015 и 2016, таа му исплатила надомест од 26.900 евра. После ова, до денот на пријавувањето, К.Л. не и обезбедил земјоделско земјиште,а од парите и вратил само 3000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.