ГРМЕЖИ, СИЛЕН ДОЖД И ВЕТЕР: НЕВРЕМЕ ВО СТРУМИЧКО!

мај 26, 2018

 

Невреме проследено со силни грмежи, дожд и ветер во струмичко! Наши читатели во порака ни испраќаат дека во Мокриево вомоментот има големо невреме. Апелираме на внимателност.

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 18 до 25 степени.

Од утре следува период на претежно стабилно и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови само за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ