ГОЛЕМ ПОЖАР НА БЕЛАСИЦА – ИЗГОРЕА 105 ХЕКТАРИ ВИСОКО СТЕБЛЕСТА ШУМА

октомври 11, 2018

На 10.10.2018 година во 13.50 часот било пријавено дека настанал пожар на планината Беласица на македонска територија во правец на место викано „Тиха долина“ и место викано.„Сарикаја“, помеѓу селата Банско и Свидовица. Пожарот бил локализиран во 17.40 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица и работници на ПШС-Беласица. Во пожарот биле зафатени околу 105 хектари високо стеблеста шума бука и бел бор. Увид ќе се врши во текот на денот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ