strumica denes logo

(ФОТО) СТРУМИЧАНИ СО АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНИТЕ: ЖИВОТИТЕ НА ДЕЧИЊАТА КОИ СЕКОЈДНЕВНО ПРОСАТ НА СЕМАФОРИТЕ ИМ СЕ ВО ОПАСНОСТ!

Автор:

Датум:

февруари 7, 2019

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

февруари 7, 2019

Категории:

Хроника

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На социјалната мрежа фејсбук, струмичани овие денови коментираат за дечињата кои секојдневно просат на семафорите додека нивните животи им се изложени на ризик и опасност. Дел од граѓаните испратија апел до МВР, општината и до Центарот за социјални работи се со цел да се погрижат за овие дечиња.

„Сите што сме поминале во Струмица на семафорите на центарот сме сведоци дека од неодамна(од пред 1 година па наваму) има околу 5-6 мали дечиња од Ромската националност кои што буквално питачат и насилно ти ги бришат стаклата на колата,тропаат на прозорите и никој ништо не превзема. Во оваа ситуација се ставени во опасност нивните животи, а се разбира голем е ризикот и возачите да удрат-прегазат некое од тие дечиња…. Најдобронамерно пишувам за оваа проблематика за која што гледам дека сите молчат…..се надевам дека некој ќе прочита и ќе пренесе на вистинското место и на вистинскиот човек,оваа слика во нашата прекрасна и мила Струмица да се подобри.“ 

ФОТО: СДК