(ФОТО) НОЌНО ВРЕМЕ МОЖЕ НЕКОЈ СЕРИОЗНО ДА НАСТРАДА: ЛУЃЕТО СЕ ЖАЛАТ ПОДАРИ ДЕПОНИЈАТА ПОМЕЃУ БАНИЦА И ВОДОЧА!

август 28, 2018

„Ноќно време може некој сериозно да настрада, ова не е играчка, ова е навистина голем проблем“ – така го започна разговорот со Редакцијата на Струмица Денес наш читател кој ни испрати фотографии на кои јасно се гледа големата депонија на патниот правец помеѓу село Баница и село Водоча кој буквално е затрупан со ѓубре.

„Овој проблем на истото место трае со години наназад и редно е конечно да биде решен, или пак ќе чекаме да се случи најлошото па тогаш да се презимаат мерки?“ – изјави друг изреволтиран граѓанин од овој проблем.

И ние искрено се надеваме дека гласот на граѓаните ќе допре до надлежните и депонијата од овој патен правец помеѓу Баница и Водоча конечно ќе биде тргната.

 

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ