Синоќа околу 22:30 часот на улицата „Ѓорги Василев“ во Струмица се случи сообраќајна несреќа во која потешко повредено е дете. Како што не информиираа очевидците, момчето се возело со велосипед и на раскрсницата е удрено од автомобил и паднало на глава и се здобило со тешки повреди. Брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата а момчето во несвест е пренесено во струмичката болница. Полицијата врши увид на несреќата. Со детални информации во текот на денешниот ден.