Градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев добил 18 месеци затвор за шверцот со цигари. Градоначалникот ја признал вината откако обвинителството му го преквалификувало делото во шверц на цигари во обид.Едно лице добило условна казна, додека синот и внукот на градоначалникот добиле по 12 односно 10 месеци затвор. Стојчев е ослободен од притвор и до правосилноста на пресудата ќе остане на градоначалничката позиција.