Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против К.Б (53) од Струмица и И.М (56) од Василево, поради постоење основано сомневање дека прво пријавениот од месец декември 2017 година до месец март 2018 година во стек извршил пет кривични дела „измами“ предвидени во член 247 ст.1 и ст.2 од КЗ, додека второ пријавениот извршил четри кривични дела „Помагање“, предвидени во член 24 во КЗ, а во врска со член 44 од КЗ.
Имено, пријавените во наведениот период се појавувале во неселените места Василево, Добрашинци и Висока Маала, каде пред месното население прво пријавениот лажно се преставувувал како мајстор за изработка на кујни, комоди, ПВЦ и дрвена столарија (врати и прозорци), додека второ пријавениот го искористувал неговото лично познанство и довербатата што ја имал кај оштетените, со цел полесно да ги убедат да дадат парични средства на прво пријавениот, за кои средства второ пријавениот гарантирал дека нарачаните производи ќе бидат изработени и доставени.
Нарачаните производни, никогаш не биле изработени и доставени, воедно, оштетените биле доведени во заблуда дека прво пријавениот е мајстор. Со наведените кривични дела, првопријавениот противправно се здобил со имотна корист од 153.750,00 денари, на штета пет лица и тоа двајца од с.Василево, едно лице од с.Висока Маала, едно од Струмица и едно лице од с.Добрашинци.
Веднаш по пријавување на настанот од страна на СВР-Струмица преземени се мерки за пронаоѓање на сторителите на кривичните дела.
По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и доставена во ОЈО-Струмица.