Драма во струмичко: За шише пиво претепал семејство и демолирал куќа, продaвница и возила

јуни 4, 2018

Во 21.00 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица, 33-годишната Л.В. пријавила дека истиот ден околу 16 часот, додека работела во продавница, дошол 20-годишниот К.Р. и физички ја нападнал. Тој побарал пиво на одложено плаќање, но откако не му дала почнал да ја навредува, по што физички ја нападнал.

После тоа, пред продавницата дошол нејзиниот сопруг, а К.Р. го нападнал и него. Тие успеале да го истуркаат К.Р. од дворното место, но по кратко време се вратил со уште неколку непознати лица кои носеле камења, стап и секира и почнале да ја демолираат куќата, продавницата и возилата паркирани пред неа и при тоа им нанеле телесни повреди на пријавителката, нејзиниот сопруг, свекорот и уште двајца нивни роднини.

Во врска со случајот лишени од слобода биле К.Р. (20), А.Р. (26), Д.Р. (25), сите од с.Баница, и биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ