Драма во Струмица, влегол во продавница и направил хаос – неколку лица повредени

јуни 29, 2018


Полицијата поднесе кривична пријава против лицата К.Р.(29), А.Р.(25) и Д.Р.(24), сите од село Баница, Струмичко, за сторено кривично дело „насилство„.

„На 3 овој месец во продавица во село Баница, Струмичко, по упатени закани, првопријавениот, кој бил во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал сопственикот на продавницата и неговата сопруга. По ова, К.Р. зел секира и повторно упатувал закани кон оштетените, но и кон други лица присути пред продавницата, по што заминал. По кратко време, пријавените заедно со неколку непознати лица, се вратиле во продавницата, при што со камења, стапови и секира извршиле оштетување на продавницата, куќата во која се наоѓа продавницата и возилата паркирани во дворот, и притоа повторно физички ги нападнале сопственикот, неговата сопруга и уште некоклку лица нивни роднини нанесувајќи им телесни повреди“, соопшти МВР

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ