strumica denes logo

ДЕТАЛИ: Струмичанецот искршил 45 апарати и рулет машини во „Сенатор“, приведен е во станица

Автор:

Датум:

март 22, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

март 22, 2018

Категории:

Хроника

Во казиното „Сенатор“ во центарот на Струмица  во средата 21 март околу 18 часот лицето А.В. со копач искршило 45 слот апарати и рулет машини.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

,На 21.03.2018 година околу 17,45 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица пријавено е дека А.В. (49) од с.Василево-струмичко со секира влегол во казино на улицата „Маршал Тито“ и оштетил 45 апарати за игра на среќа и два рулета, причинувајќи материјална штета од околу 1.500.000 денари. Од страна на полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок” – стои во соопштението од МВР

– Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица во Струмица. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Инаку, синоќа на социјалните мрежи се појави видео во кое се зборува како непознат човек го демолирал казиното.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: