bandr
Хроника

A.Д ОД БАНСКО ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА, ВО НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ БИЛЕ ПРОНАЈДЕНИ 20 МИГРАНТИ ОД БАНГЛАДЕШ!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против А.Ш.(21) од Штип и А.Д.(25) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 17.06.2019 на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучка за с.Тополница, при преглед на паркирано патничко возило „форд транзит“ пронашле 20 лица – мигранти од Бангладеш, додека во паркирано товарно возило „фолксваген транспортер“ пронашле 21 лице – мигрант (16 од Бангладеш и пет од Пакистан). По преземени мерки било утврдено дека возилата ги управувале пријавените.

ФОТО:ИНТЕРНЕТ