24 ГОДИШНА СТРУМИЧАНКА ПРЕТЕПАЛА ПОЛИЦАЕЦ!

Полицаец, кој бил на службена должност, бил физички нападнат од 24-годишна струмичанка, по што му била укажана лекарска помош во болница.

-На 09.06.2018 годинаоколу 10,10 часот на улица „Филип 2-ри Македонски“ во Битола, додека неколку полициските службеници вршеле службено дејствие од областа на безбедноста во сообраќајот и преземале службено дејствие отстранување на товарно моторно возило кое било непрописно паркирано, З.А.(27) и С.А.(24), двајцата од село Баница, струмичко, застанале пред возилото и го спречувале отсранувањето на возилото. Двете лица започнале да ги омаловажуваат полициските службеници, при што С.А физички нападнала еден службеник на кој му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Лицата се приведени во ПС Битола за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Автор:

Датум:

јуни 10, 2018

Категории:

Хроника