Според информациите кои ги дозна Струмица Денес, во тешката сообраќајна несреќа во која автобус се превртел во провалија во близина месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово која се случи попладневно се наоѓала и наша струмичанка со иницијали Ј.Г. Младата девојка во моментот е згрижена во една од болниците во Скопје. Во тешката сообраќајна несреќа има над 30 повредени и 14 загинати. Со повеќе информации во текот на утрешниот ден.
ФОТО: MАКФАКС