19 ГОДИШНА СТРУМИЧАНКА СЕ ПОРОДИЛА ДОМА, НО ЛЕКАР ОД БОЛНИЦАТА ВО СТРУМИЦА ПРИЈАВИЛ ДЕКА БЕБЕТО ГО НЕМА!

март 4, 2019

На 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко. По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила. Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување. На прегледот присуствувале Јавен обвинител и лекар, а увидот ќе биде завршен во текот на денот. Исто така, полициски службеници извршиле разговор со родителите на девојката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: