На 08.08.2019 во 22,40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Радовиш 17 годишен малолетник управувајќи моторцикл “Сузуки’’ без регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил сопатникот З.С.(18) од с.Баница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица.
ФОТО:ИНТЕРНЕТ