ЗДРАВА КОТЛИНА: ПАТ ФОРВАРД ЗАБОРАВИЛ ДА КАЖЕ!

јули 29, 2021

ЗДРАВА КОТЛИНА:

Пат Форвард заборавил да каже дека првата концесија “Иловица 6” е одземена и два пати се одбиени од второстепената комисија баш поради неисполнување на законските обврски согласно договорите за концесија и законите на Македонија.

Пат Форвард заборавил да каже дека еколошката студија што толку многу ја фали, НЕ Е ОДОБРЕНА со решение од Министерство за животна средина и просторно планирање, што е еден од повеќето услови за добивање на дозвола за експолатација и поради што ја изгубија концесијата!
Пат Форвард заборавил да каже дека НЕМААТ ДОЗВОЛА за користење на водите што е еден од повеќето услови за добивање на дозвола за експолатација и поради што ја изгубија концесијата!

Пат Форвард заборавил да каже дека НЕМААТ ДОКАЗ за решени имотно правни односи за користење на приватното земјиште што е еден од повеќето услови за добивање на дозвола за експолатација и поради што ја изгубија концесијата! И во договорот со ЕБРД го имаат истиот услов но едноставно тоа е само проформа колку да замачкаат очи на јавноста демек јаки стандарди што не се почитуваат.

Пат Форвард заборавил да каже дека НЕМААТ РЕВИДИРАН ГЛАВЕН РУДАРСКИ ПРОЕКТ што е еден од повеќето услови за добивање на дозвола за експолатација и поради што ја изгубија концесијата! Ниту една официјална институција во државата немаат појма што сакаат да прават Еуромакс и со која технологија ама тоа и не е нешто ново за “разлигавени инвеститори”.

Пат Форвард заборавил да каже дека сите овие работи требало да ги решат до 22ри јуни 2016 што бил краен законски рок за добивање на дозвола за експолатација. Сепак ниту денес, 23ти јули 2021 истите работи се уште недостигаат и ги немаат направено. Така да завршено е со таа приказна тогаш, а уште помалку сега кога сте на мета и народот ве гледа низ нишан.

Понатаму Пат Форвард заборавил да каже дека ИМААТ неисполнета обврска за финансиска гарација согласно законите на Македонија но и според Европската Директива 2006/21/EC на Европскиот парламент и Европскиот Совет од 15 март 2006 за менаџмент на отпад од вадење на минерални суровини и измена на Директивата 2004/35/EC. Изгледа тоа не може Пат да замисли зошто треба да извади од џебот стотици милиони евра а џебот скапан за такви пари.

Инаку Пат Форвард ЛАЖЕ ДЕКА ЌЕ НЕМА ЕЗЕРО зошто по завршувањето на животниот век на рудникот во празната дупка од каде ќе се ископа рудата ЌЕ СЕ ФОРМИРА КИСЕЛО ЕЗЕРО што ќе се полни 57 години и тогаш ќе прелее вода со Ph вредност 3 (сулфурна киселина) од дупката со издашност од 20 литра во секунда и ќе потече кон струмичко поле. И така ќе си тече трајно со векови и некој ќе мора активно да го чисти сите тие векови. Видете ги сликите па кажете дали ќе има или нема езеро?
Прашањето на кое сите се прават глуви и недоветни е: Кој ќе плаќа со векови за чистење на таа киселина ако американската агенција за животна средина (EPA) направила проценка дека најмалку 2 милиони долари годишно се потребни за чистење на таква вода?
Дали мислите дека по 57 години децата на акционерите како Пат Форвард, др. Жика Груевски, Цоло Вутов и слични ќе плаќаат со векови за нашите деца овде да не се трујат?
Инаку Пат Форвард ЛАЖЕ дека јаловината ќе била сува со 60% или дури 80% зошто во нивната физибилити студија е предвидено тоа да биде 50% вода. Видете ги сликите и проценете кого го лажат, дали ги лажат инвеститорите и регулаторите во Канада или ве лажат вас по медиуми додека да ве прелажат? Со ова продолжува глупавата пракса на лицитација со технички параметри од ракав извадени само и само да се стишат незгодните прашања. Незгодно прашање е исто што се случува со ТОРТАТА ако во рок од 72 часа наврнат 200 литри вода на метар квадратен како што се случи во Германија или 300 литри вода на метар квадратен како што почнува да се случува во Грција со новата појава на медитерански урагани што претходно ги немаше?

Пат Форвард ЛАЖЕ дека највисоката брана на светот ќе била безбедна зошто тој убаво знае дека се преполовени параметрите за спектрално забрзување при потреси кои се утврдени од скопскиот институт за земјотресно инжинерство и посебно од НАТО студиите. Грешките во дизајн се плаќаат најскапо а во овој случај катастрофално скапо. Приказните за споредливост со скопскиот земјотес се смешни зошто скопскиот земјотрес од 1963 бил со магнитуда од 6.1 рихтери, така што 10 пати посилен земјотрес е 7.1 рихтери. Но на 40км од Иловица се наоѓа Кресна каде во 1904 година има земјотрес со магнитуда од 7.83 рихтери што е приближно 18 пати посилен од скопскиот. Ако на тоа додадеме и кратењето на параметрите заедно со волуменот на јаловината и висината на браната тогаш имаме рецепт за потенцијална локална апокалипса. Никој нормален не гради вакви структури во толку густо населен регион. Да било така сите далеку поразвиени земји и рударски компании во светот досега ќе направеа барем една. Ова е прв рудник на Еуромакс Ресурси, тие претходно никогаш немале рудник и сега ќе се учат да бидат рудари со експериментална брана на наш грб.

Па како мисли Пат Форвард да има рудник?
Со приказни и празни позитивни филозофии по теркот на измамникот др. Жика Груевски?

Со некакви независни мониторинг тела од луѓе на кои имаат акции во еуромакс, земале хонорари за студии или им донираат берачки за пченка или мотокултиватори?
Со убаво спакувани приказни за локалните олигарси да купуваат дампери и со пресметки за возење на руда до Бугарија?
Со плаќање на медиуми за ПР текстови да ги покажуваат како регуларни вести?
Со ангажирање на локални партиски шерифи за притисок врз народот?

Со постојано иритирање на народот до крајни граници за да излезе гневно на улици зошто не сака да се труе за вашиот профит?
Пат Форвард, за твоја информација никаков рудник нема да се прави тука а ти ќе заминеш по стапките на Стив Шарп, Варшан Гокул и останатите другарчиња. Така или вака тие заминаа и нема да го искусат гневот на народот. А ти треба да ја запознаеш локалната историја за да знаеш што треба да очекуваш во маглите на македонските планини, климатизираните канцеларии во Скопје или во зелениот Шолендс на островот дома. Не постои локална сила што може да ве одбрани доколку работите тргнат во непосакуван правец.
Она што сега ќе се случи е одземање на втората концесија “Иловица 11” заради истите причини како и првата. Она што сега ќе се случи е конечна одлука од управниот суд за првата концесија “Иловица 6”. Она што сега ќе се случи е да се погрижиме да изгубат сите локални политичари што нема јавно да го осудат проектот за отровниот рудник Иловица Штука во нивните предизборни кампањи.

Рудник нема да има колку и да се трудат да подмитуваат граѓани и медиуми како и да прават сплетки, народот не ги сака овде и тоа е завршена приказна!

РУДНИК НЕМА ДА ИМА ПА МАКАР СЕ СЛУЧИ ГРАЃАНСКА ВОЈНА НА ПАДИНИТЕ НА ОГРАЖДЕН

П.С: За сите модерни Јуди, Гинковци, Лигушевци и останата алчна багра што се продава за пет пари во форма на “донации” да знаете дека еден ден низ нос ќе ви излезе, а народот во песни ќе ве овековечи вашето презиме, слики веќе самите си ставате!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ