ЗДРАВА КОТЛИНА: ОДЗЕМЕТЕ ЈА ВТОРАТА КОНЦЕСИЈА НА ЕУРОМАКС!

април 20, 2021

ЗДРАВА КОТЛИНА:

Денес Владата едностано ја раскина концесијата за ископ на песок на концесионерот што незаконски оперираше на реката Пчиња.

Притисокот на жителите на селата Горно, Долно и Средно Коњари до надлежните, да стават крај на, како што тврдеа, неконтролираниот ископ на песок и чакал, резултираше со владина одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија.

Државниот инспекторат за животна средина утврди нерегуларности во работењето на концесионерот, а Владата ја раскина концесијата на предлог на Министерството за економија.
Раскинувањето на договорот за концесијата доаѓа по континуираниот повеќегодишен притисок на локалното население кое сплотено ги искористи сите форми на протести за да добие внимание за проблемот со кој се соочува.

Ја поддржуваме оваа одлука и апелираме да продолжат понатаму инспекциски надзор кај сите концесионери и во сите инсталации што работат проблематично.
Во оваа прилика потсетуваме дека на концесионерот Еуромакс Ресурси треба да му се одземе и втората истечена концесија “Иловица 11” што е поголема од веќе одземената истечена концесија “Иловица 6”.

Имено втората концесија е доделена во јануари 2016 година и согласно Законот за минерални суровини истекува после 4 години доколку концесионерот не добие дозвола за експлоатација. Тој рок истече во јануари 2020 и еве веќе повеќе од една година не е постапено по законот.

Затоа крајно време е да се одземе и втората концесија на Еуромакс за да бидеме исправни пред законите.

Рудник на смртта нема да има!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ