ЗДРАВА КОТЛИНА ОБЈАВИ: ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ДОНЕСЕНИ ОДЛУКИ ШТО НЕ СЕ КАЖУВААТ ВО ЈАВНОСТА, ПОДГОТВЕТЕ СЕ СИТЕ ЗА РАДИКАЛНИ АКТИВНОСТИ!

мај 11, 2020

Здрава Котлина:

ВРЕМЕ Е ЗА БУНТ

Судиите во управниот суд биле многу активни и работливи и донеле одлуки во период на вонредна состојба, што ете не се кажуваат во јавноста, освен на оние што треба да знаат.

Имено, на 31 март 2020 година управниот суд на Македонија донесол одлука да се прифати жалбата на Еуромакс против Второстепената комисија и да се поништи Одлуката за одбивање на жалбата донесена од Второстепената комисија. Со оглед на воведување на вонредната состојба во Македонија сите рокови за жалби се паузирани додека трае вонредна состојба и дури по укинувањето на вонредната состојба судскиот случај ќе продолжи за конечна разрешница.

Е затоа сега ви кажуваме СИТЕ ќе ве РЕШИМЕ на секаков можен начин!

Време е за активни и радикални мерки по секаква основа и вертикала, почнувајќи од КОРУМПИРАНИТЕ СУДИИ, КОРУМПИРАНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ и КОРУМПИРАНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ.

Ги повикуваме граѓаните да се припремат за радикални активности посебно против Еуромакс и нивните платеници во судството, администрацијата и политиката!

РУДНИК НА ОГРАЖДЕН НЕМА ДА ИМА ПО НИТУ ЕДНА ЦЕНА!!!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ