strumica denes logo

ЗДРАВА КОТЛИНА ОБЈАВИ: СТРУМИЦА – ГАСНА КОМОРА! ШТО ИМА ТОЛКУ ОВДЕ ШТО ГО НЕМА НА ДРУГО МЕСТО?

Автор:

Датум:

декември 4, 2019

Категории:

Екологија

Автор:

Датум:

декември 4, 2019

Категории:

Екологија

ЗДРАВА КОТЛИНА:

Важиме за гасифицирана општина, но ова го нема во Скопје, ниту во Битола, ниту во другите градови!

Што има толку во Струмица, а што нема на друго место?

Бараме ургентни вонредни инспекции на сите инсталации со А интегрирана дозвола што се во дирекнтна надлежност на Државен инспекторат за животна средина и Министерство за животна средина и просторно планирање.

Бараме ургентни вонредни инспекции на сите инсталации со Б интегрирана дозвола што се во дирекнтна надлежност на Општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски! Бараме да ги видиме извештаите и записниците за сите направени инспекции.

Дополнително апелираме до сите граѓани да почнат да не известуваат за сите извори на загадување кои се видливи со голо око дека емитираат големи количества на чад. Во прилог може да ни испраќаат слики, и видеа заедно со адреса на локациите каде ќе бидат снимени.

Да видиме што ќе покажат официјалните мерења од државните институции, а што ќе покажат неофицијалните индикативните мерења па ќе направиме компаративна анализа поткрепена со слики и видеа од граѓаните.

Да видиме кој се ќе се најде на неофицијалната топ листа на струмичките загадувачи!

Првите 3 места на најголеми загадувачи ќе добијат пригодно признание, соодветна награда како и загарантиран публицитет!