Започнаа градежните активности со кои го решаваме проблемот со атмосферските води од поројот „Крушевска Република“.
Инвеститор на проектот е Општина Струмица и Министерството за заштита на животната средина, а реализацијата чини околу 5 милиони денари.
Поројот „Крушевска Република“ поминува низ централниот дел од градот Струмица и е еден од главните реципиенти за атмосферски води во градот. Ги зафаќа водите од сливните подрачја над урбаниот дел, како и дел од водите од урбаниот дел кои преку атмосферските колектори се испуштаат во него и завршуваат во рeката Тркајна.
Вкупната должина на каналот од базната преграда до реката Тркајна изнесува околу 3.000 метри од кои половина се во урбаниот, а другата половина вон урбаниот дел на градот.
Со овој проект опфатено е уредување на првиот вон урбан дел на каналот и тоа од транзитниот пат до реката Тркајна во должина од 1.500 метри и планирано е бетонирање на еден дел од каналот.
Најчесто голем дел од оваа делница на каналот е зараснат со дрвја и водни растенија како трска и шамак. Од нив и наносите, коритото на оваа делница во најголем дел е уништено дури и подигнато, а на вливот во реката Тркајна има наталожено наносен материјал, што значи дека се заедно претставуваше голем проблем во функционирањето на овој канал.
Сега со овие градежни зафати проблемот ќе биде решен