Perdormire
Екологија

ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ГАБРОВСКИ ВОДОПАД!

Деновиве започнаа активностите за дополнително уредување на просторот околу Габровскиот водопад.

Се проширува патеката до третиот водопад во должина од 740 метри, а ширина 1,5 метри во карпестиот дел и истата ќе биде покриена со камен.

Патеката ќе биде оградена, ќе има два моста и платформа на третиот водопад, а ќе се уредат и постоечките летниковци со маси и клупи.

Со овие зафати љубителите на природата ќе можат уште повеќе да уживаат во убавините на овој водопад.