Започна летното хортикултурно уредување во Струмица!

јуни 11, 2019

Со засадување на 2000 цветни насади на булеварот „Маршал Тито“ , одделението за Управување и одржување на јавно зеленило при ЈПКД „Комуналец“ започнаа со акцијата за летното хортикултурно уредување низ Општина Струмица.

Се предвидува да се засадат околу 18 000 парчиња сезонски цветен расад во повеќе бои, од типовите Тагетес, Петунија, Винка, Салвија, Далија и др. каде колоритно ќе се оплемени зеленилото, а на тревната површина веќе се заменети оштетените прскалки и инсталирани се нови за наводнување на зеленилото. Како дел од програмата за работа предвидена во делот на реконструкција на зелени површини за време на летниот период, етапно се зазеленуваат парковски површини и блоковско зеленило.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ