СТРУМИЦА ДЕНЕСКА ДОБИ УШТЕ ЕДЕН ЕКО ПАРК!

јуни 5, 2021

Општина Струмица:

Денеска кога го одбележуваме Светскиот ден на животната средина, нашиот град доби уште една уредена јавна зелена површина.

Во планираниот рок заврши изградбата на Еко паркот меѓу улиците „Ката Поцкова“ и „Боро Поцков“ во втората урбана заедница.

Уреден е простор од 2.500 метри квадратни, од кои 2.100 се зелена површина на коишто се засадени листопадни и зимзелени растенија, а останатите патеки. Паркот има клупи за седење и корпи за отпадоци, а поставена е и подземна инсталација за наводнување на зелената површина со системи за распрскување. Зголемувањето на јавните зелени површини секогаш се приоритет за општина Струмица и согласно Програмата за животна средина, ќе продолжиме и понатаму.

Да ја збогатуваме и чуваме животната средина, за нас и поколенијата по нас.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ