СЛОУ ФУД-МАКЕДОНИЈА: СТОП ЗА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА НАШЕТО ИМЕ!

јули 21, 2021

Соопштение на СЛОУ ФУД-МАКЕДОНИЈА:

Веќе подолг временски период сведоци сме на злоупотреба на нашето име од поединци во служба на нечии интереси. Во повеќе наврати медиумски се објавени активности на наводното здружение на граѓани „Слоу Фуд Огражден“ (Association Slou Fud Ograzden), за што добивме повеќе реакции на наши членови, активисти, како и граѓани кои знаат што значи Слоу Фуд како движење.

Мораме на ваков начин да реагираме и да ве известиме дека посоченото здружение нема никаква врска со нашата мрежа во последните 5 години, откако ја изгуби франшизата на името и логото на организацијата во 2017 година и е избришано во регистарот на Slow Food International, исто така заради слични примери на злоупотреба и непочитување на строгите правила на меѓународната организација. Но, лицето Sasho Popovski воден најверојатно од лични интереси, веројатно не ја почитува одлуката за целосна промена на логото на здружението, во кое веќе не членуваат членови на Слоу Фуд.

Со тоа, на најгруб начин врши злоупотреба на името и угледот на организацијата, а врши законско прекршување бидејќи името и логото на организацијата во Македонија е заштитена трговска марка со Решение број 10-1361/7-2018 TM/2018/352 од 2018 година издадено од Државен завод за индустриска сопственост на РСМ.

Од тие причини, следните денови ќе биде поведена постапка од страна на нашите адвокати до посоченото здружение и лицето кое се претставува како нејзин претседател.
Воедно сакаме уште еднаш да упатиме јавна поддршка на „Здрава Котлина“ во нивната борба која значи живот за локалните жители и заедници, што е на линија и со нашето делување. Членови и активисти од нашите конвивиуми беа и сé уште се активно вклучени во активностите да се спречи отворање на рудници во Југоисточниот регион на Македонија за што континуирано добиваат поддршка од целата наша мрежа. Борбата продолжува.

РУДНИК, СЕКАКО, НЕМА ДА ИМА!!!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ