СЕ ЧИСТЕШЕ ДЕПОНИЈАТА ПОМЕЃУ КУКЛИШ И МУРТИНО!

ноември 18, 2019

Коста Јаневски: 

Во рамките на акцијата „Еко фронт – Чиста да ни е“ која што заедно ја спроведуваат општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ деновиве се работи на порамнување и отстранување на комуналниот отпад од депонијата која се наоѓа на патот помеѓу населените места Куклиш и Муртино. Упатувам уште еден апел до граѓаните, својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежeн шут да не го депонираат на места кои не се одредени за таа намена, туку да се јават во „Комуналец“ од каде што ќе дојдат на лице место и ќе го подигнат. Ајде сите заедно да покажеме поголема свест за средината во која што живееме.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ