Perdormire
Екологија

Продолжува есенското хортикултурно уредување во Струмица!

Работна единица од одделението “Управување и одржување на јавни зелени површини“ од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ продолжува со хортикултурно уредување на пешачките острови на булеварите низ градот. Вработените денеска работеа на одржување и чистење на Бул. “Гоце Делчев“. Акцијата продолжува низ улиците на целата територија на Струмица.