ОПШТИНАТА ОБЈАВИ: Почна реализацијата на планот за намалување на загадувањето во Струмица!

декември 13, 2019

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

Продолжуваме со реализацијата на активностите од Планот за чист воздух.

Една од приоритетните компоненти на Планот за чист воздух е директното справување со причините за загадувањето, која ги вклучува мерките кои се однесуваат на замена на начинот на затоплување на јавните објекти.

Деновиве се врши промена на нееколошките системи за греење, односно приклучување на гасоводната мрежа на:

-КЛОН 1 на градинката „Детска радост“ кај стариот театар

-Зградата на урбанизам и комунални работи

-Поранешната зграда на ЈПКД „Комуналец“

-Во подрачното училиште „Маршал Тито“ Банско од дрва на ТНГ

-Со добиен грант од 5.000.000 денари од Владата на Република Северна Македонија започна приклучувањето на гасоводната мрежа на болницата.

Во завршна фаза е промената на дрвената столарија во домот на АРМ со што се зголемува енергетската ефикасност на овој објект.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ