ОКОЛУ СТОТИНА ХРАБРИ И СВЕСНИ ЛУЃЕ ДЕНЕСКА НА СТРУМИЧКИОТ ПЛОШТАД ПОБАРАА ОД НАДЛЕЖНИТЕ ДА ПРЕВЗЕМАТ СООДВЕТНИ МЕРКИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ!

декември 14, 2019

Со почеток од 13:00 часот, денеска на струмичкиот плоштад започна протестот против огромното загадување на воздухот во Струмица. Околу стотина храбри луѓе побараа од надлежните да преземат соодветни мерки со што би се намалило загадувањето на воздухот во градот.

Како општествено одговорни граѓани на Општина Струмица, се собравме овде денес, да упатиме апел до надлежните органи при Општината да излезат на терен, и најитно да превземат вонредни и неодложни мерки со кои евидентно би се намалило загадувањето на воздухот, бидејќи ситуацијата е веќе крајно алармантна и живото-загрозувачка.
Овој проблем се провлекува повеќе години наназад и сите сме свесни за тоа, но во последните три години веќе ескалира и сериозно го загрозува животот на граѓаните на општина Струмица.
Преку овој апел сакаме да изразиме поддршка и ги охрабриме надлежните органи да направат поголеми напори за да се реши овој горлив проблем што не засега сите, бидејќи правото на живот е фундаментално, основно човеково право и никој нема право да го загрозува. Не бараме виновници за се она што до сега е направено, бараме решение на проблемот.
Во таа насока, издвоивме само неколку предлог-активности, кои посочуваат каде ние, граѓаните го гледаме решението на ситуацијата:

Предлог активности

1. Да се врши континуирана и редовна контрола на индустриските капацитети во попладневните и вечерните часови и да се прави записник со какви реагенси се работи во овие погони;
2. Да се овозможи секојдневна контрола на пространата депонија кај с. Добрашинци, бидејќи истата многу често, со години е во пламен;
3. Да се изнајде решение како да се стави крај на безмилосната сеча на дрвја на планината Еленица и ридовите над Струмица, кои се всушност нашите бели дробови.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ